Dark Mode Light Mode
Претпладне сончево, попладне облачно, вечерва дожд
Се смени одлуката: Нема влез во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина без ПЦР тест, во Косово може
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора што побрзо да даде оставкa за да се спасат животи

Се смени одлуката: Нема влез во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина без ПЦР тест, во Косово може

Македонските граѓани од денеска сепак нема да можат да влегуваат во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина без ПЦР тест како што беше најавено. Влошување на епидемиолошката сосотојба со голем број на заразени од корона вирусот е причина што Владата доцна синоќа соошти дека најавената промена на режимот на влегување спека нема да важи.

Владата ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од Македонија доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Реклама

Се најавува и промена на режимот на влегување на државјани на овие земји во Македонија.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест, се наведува во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претпладне сончево, попладне облачно, вечерва дожд

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора што побрзо да даде оставкa за да се спасат животи

Реклама