Dark Mode Light Mode

Спасовски: Полицијата ќе делува по пријави на соседите и во соработка со обвинителството

Полицијата единствено може да делува по пријава од соседите, објасни вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за тоа како би се применувале новите мерки против групирањата на граѓаните по домовите за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Од Комисијата за заразни болести се нудат одредени предлози да имаме некаква рестрикција, која ќе помогне во спречување на ширењето на корона вирусот. Јас очекувам тие предлози да стигнат на седница на Влада за кои ќе разговараме. Ваквиот предлог веројатно е базиран на податоците за случаите кои се позитивни токму од таквите групирања во домашни услови на семејни веселби. Секако дека уставно загарантираното право за неповредливост на домот останува и тука не може да делува полицијата. Меѓутоа, многу е поважно да разбереме, дека групирањето, прославите во домашни услови, претставува најголем ризик. Токму поради тоа, треба да се преземаат некакви мерки, рече министерот Спасовски.

Тој појасни дека доколку постои некаква пријава, полицијата ќе треба да се делува, меѓутоа со запазување на уставните начела кои ја гарантираат неповредливоста на домот.

Реклама

– Таквите активности ќе мора да ги спроведуваме во соработка со јавното обвинителство, заеднички, се со цел да оневозможиме или да ја намалиме можноста за ширење на коронавирусот, истакна Спасовски.

Тој, како што рече, лично е повеќе за превентивни мерки, а не за строги рестрикции.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Што кажаа докторите Пановски и Марковски за носењето маски на отворено...

Next Post

Селекторот Ангеловски скокаше од радост, а од денес веќе се спушта на земја

Реклама