Dark Mode Light Mode

Болен од корона вирусот избегал од Градска болница, полицијата го вратила назад

Бездомник од Куманово кој се лекува од корона вирусот синоќа избегал од Градската општа болница „8 септември“, но по полициската акција бил пронајден и вратен назад. МВР го потврди инцидентот.

-На 6 октомври во 21:30 часот од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од ковид-центарот избегал пациент Б. И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 2 часот и вратено во болницата, ни рекоа од МВР.

Според инфорамциите од ГОБ се работи за лицето кое во болницата било примено на почетокот на месецов со пневмонија предизвикана од корона вирусот. По лекувањето состојбата му се подобрила и тој можел да се движи. Полицијата го пронашла во близина на болницата.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Приведен 24-годишен скопјанец кој се борел во странска војска

Next Post

Двајца затвореници од Идризово направиле 26 измами, им помагал и вработен во затворот

Реклама