Dark Mode Light Mode

Центар и Аеродром скокнаа на преку 200 заболени од вирусот, се повеќе и во Карпош

Бројот на активно болни лица на скопското подрачје нагло се зголеми откако во изминатово деноноќие имаше рекордно многу новозаразени во Македонија. Во Скопје се дури 182 новоинфицирани лица. Со тоа бројот на заболените сега изнесува 1.166 лица, а досега вкупно инфицирани 7.724.

Најголемо зголемување е забележано во скопските општини Цетар и Аеродром каде сега има 210 односно, 208 активно болни случаеви. Се поблиску е и општина Карпош во која болни се 180 лица заразени од Ковид 19.

По нив следат општините Гази Баба со 126 заболени, Кисела Вода 131, Ѓорче Петров – 93, Чаир – 66, Бутел – 49, Шуто Оризари – 15 и Сарај – 14.

Реклама

Во Студеничани  има 4 заболени, во Арачиново – 5, Илинден – 31, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 4, Петровец – 8, Зелениково – 3 а има и Странец – 10 и Нераспределен – 6.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бранот стана цунами: 317 новозаразени лица од вирусот, четири починати пациенти

Next Post

Бесплатен концерт за Владата иако музичарите се разочарани од неа

Реклама