Dark Mode Light Mode
Приведени двајца скопјани кои нападнале полицаец на „Партизанска“
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче целосно потфрлија, бројот на новозаразени не паѓа под 200
Само Тито остана без плочка, до кога?

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче целосно потфрлија, бројот на новозаразени не паѓа под 200

-Заев и Филипче целосно потфрлија. Бројот на новозаразени од корона вирусот на дневно ниво не паѓа под 200. Само во текот на вчерашниот ден имавме нови 225 заболени и 8 починати. Здравствениот систем менаџиран од Заев и Филипче не може да се справи со проблемите предизвикани од корана вирусот, потенцира ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Опозиционерите велат дека Македонија е на прагот на есента и бројките се троцифрени. Уште не е почната сезоната на грип, а ние веќе имаме наплив на заразени. Ако состојбата е алармантна денес, што можеме да очекуваме за месец или два?! Државата е буквално пред колапс на здравствен план и за тоа Заев и Филипче мора да сносат одговорност.

-Несериозноста оди до таму да нема ниту сезонско вакцинирање против грип, а сезоната на грип само што не почнала. Македонија беше единствена држава, која поради неспособноста на Заев и Филипче немаше крај на првиот бран на корона вирус, туку е во континуиран бран од почетокот на пандемијата до денес. И бројките не се намалуваат туку растат од ден во ден и секој ден имаме нов пик. За ова одговорност мора да има. Дотолку повеќе што Филипче тврдеше дека бројот на заразени нема да надмине над 2000. Дека власта нема план за справување со кризата покажува и тоа што често заболени имаме и деца од градинки, но и од училишна возраст. За несигурноста која ја внесоа кај граѓаните, мора да има одговорност, се додава во соопштението.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Приведени двајца скопјани кои нападнале полицаец на „Партизанска“

Next Post

Само Тито остана без плочка, до кога?

Реклама