„Поле за игра“ е насловот на концертот што ќе се случува утре во Македонската филхармонија, на кој како солист ќе настапи виолинистката од Казахстан Ајман Мусахоџаева. Диригент е Сашо Татарчевски, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Менделсон и Симфонијата број 96 „Чудо“ од Хајдн.
Виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан е на листата на исклучителни музичари на 20 -тиот век која ја направи Енциклопедијата на универзитетот во Кембриџ, а од биографскиот центар на овој угледен универзитет ја доби и титулата „Интернационален уметник за 2003 година“. Мусахоџаева е и „Уметник на мирот“ на УНЕСКО, а наградена е од претседателот на Италија и од Ватикан за своите уметнички достигнувања.