Dark Mode Light Mode
Променливо облачно со попладневен дожд
ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на заразени наближува на 20.000, десет пати повеќе од уверувањата на Филипче
Комисијата предлага да нема ПЦР тест со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на заразени наближува на 20.000, десет пати повеќе од уверувањата на Филипче

Зоран Заев и Венко Филипче одамна ја испуштија од контрола состојбата со пандемијата на Ковид-19 во Македонија, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија смета дека неспособноста на Заев и Филипче е причина моментално во Скопје да имаме околу 1.000 активни случаи на болни лица од КОВИД-19.

Преплавен е и остатокот од државата каде имаме над 1.500 активни случаи. Македонија буквално тоне во зараза. Највиновни за тоа се Зоран Заев и Венко Филипче. Бројот на заразени наближува на 20.000 лица, односно 10 пати повеќе од уверувањата на Филипче. Заев и Филипче немаат капацитет да се справат со корона кризата, ниту на здравствено поле, ниту на економско поле. На полето на здравството – пациентите се незадоволни, медицински сестри ги напуштаат клиниките, лекарите се револтирани. На полето на еконосмијата – граѓаните немаат пари, 40.000 останаа без работа, фирмите не добија помош, но затоа добија фирмите на Нина Ангеловска и Зоран Заев. Македонија со СДСМ само тоне, се додава во соопштението.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Променливо облачно со попладневен дожд

Next Post

Комисијата предлага да нема ПЦР тест со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија

Реклама