Dark Mode Light Mode

Променливо облачно со попладневен дожд

Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер, најавуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има појава на повремено пороен дожд и услови за појава на грмежи. Темепратурата ќе достигне до 29 степени.

Променливо облачно и со малку пониски температури се очекува и на подрачјето на целата земја. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта на места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме. Максималната температура ќе се движи во интервал од 26 до 31 степени.

Во вторник ќе биде облачно и нестабилно, наместа со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде процесите ќе се поинтензивни и во форма на невреме. Дневната температура, особено на северот, ќе биде позначително пониска

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се отвора изложба на Марија Рашковиќ во Дом на градежниците

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на заразени наближува на 20.000, десет пати повеќе од уверувањата на Филипче

Реклама