Dark Mode Light Mode

Нагло зголемување на заразени во Скопје, најмногу во Аерoдром, Центар, Карпош, Гази Баба…

Голем скок од 96 новозаразени од корона вирусот е забележан на скопското подрачје во изминатово деноноќие. Ова е една од најголемите бројки на заразени лица во еден ден забележана во изминативе неколку месеци. Практично, Скопје станува пак едно од најголемите жаришта на инфекцијата на опасниот вирус.

Најзагрижувачка состојба е во четири скопски општини: Аеродром во која има 141 заболено лице, Центар со 127 заболени, како и Карпош со 11 активно билни и гази Баба со 100 заболени лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во  Скопје  од почетокот изнесува 7195, од кои активни  се 834.

Реклама

По овие четири општини следат Кисела Вода со 95, Чаир и Ѓорче Петров со 59, Бутел со 29, Шуто Оризари – 18 и Сарај со 14 заболени.

На поширокото скопско подрачје сосотојбата е следна: Студеничани – 8, Арачиново – 6, Илинден – 33, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 6, Петровец – 5, Зелениково – 3, Странец – 12 и Нераспределен-5.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Црниот биланс станува уште поцрн: 6 починати и 225 новозаразени од вирусот

Next Post

Зголемениот број на заразени го седна Филипче на средба со Комисија за заразни болести

Реклама