Dark Mode Light Mode

Филипче по итниот состанок: За викендот ќе се знае дали и какви мерки ќе се воведат

За викендот ќе се знае какви мерки и во која општина треба да воведат, изјави по денешната итна среба со Комисијата за заразни болести министерот за здравство Венко Филипче.

Во изјавата за телевизијата Сител тој рече дека во овој момент не се даваат препораки за некои порестриктивни мерки.

-И следните денови ќе следиме какви ќе бидат бројките на новодијагностицирани. Ова е навистина висока бројка во однос на претходните денови. Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно. Ако нешто откриеме, да може да одлучиме какви мерки и каде би се вовеле – рече Филипче по завршувањето на средбата.

Реклама

Опции се дали ќе се намали работното време на угостителските објекти или да се намали бројот на маси ќе се знае по епидемиолошките прашалници. Не се исклучува ниту и затворање на градинки и училишта.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Апасиев поднесе кривични пријави за закани кон него и неговото семејство

Next Post

Советот на Европа: Бугарија не треба да забранува регистрација на македонски здруженија

Реклама