Dark Mode Light Mode

Продолжува црниот биланс: Починаа четири пациенти, 162 лица се новозаразени од вирусот

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 75Куманово 14, Дебар 1, Штип 5, Прилеп 5, Тетово 13, Струга 1, Велес 2, Битола 5, Охрид 2, Кавадарци 2 , Гевгелија 3, Струмица 10, Крива Паланка 3, Радовиш 4, Кочани 12, Пробиштип 1, Валандово 1, Виница 2 и Свети Николе 1.

Починати се 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти.

Реклама

Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

1.000 метри од улицата „Васил Ѓоргов“ ќе се реконструираат 45 дена

Next Post

Бројката на починати пациенти се доближи до 750, до каде е анализата што ја најави министерот Филипче?

Реклама