Dark Mode Light Mode

Хаварисаните возила нема да се депонираат во Драчево, ќе ги отстранува пајак-службата на Центар

Планот во населбата Драчево да се направи депонија за хаварисани возила, метал и друг отпад не доби поддршка на денешната седница на Советот на Град Скопје. Но, Советот претходно донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавните површини на територија на цело Скопје.

На предлогот за депонијата во Драчево остро се спротивстави опозициската советничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денес  на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци!  Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука. Но во Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните, па дел од советниците рекоа не на лошите политики на СДСМ – соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

На гласањето, предлогот депонија на хаварисани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода не доби потребно мнозинство.

Сите хаварасина возила од помеѓу општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари кои се дел од оваа меѓуопштинска соработка ќе бидат отстранети со помош на општина Центар, односно пајак службата на ПОЦ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонска работа: Бројот на работниците во индустријата опаѓа, во администрацијата расте

Next Post

Тешко ја повредил сопствената мајка тепајќи ја во семејниот дом

Реклама