Dark Mode Light Mode

Почина еден пациент од вирусот, новозаразени се 141 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Македонија се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8 и по двајца во Кичево, Ресен и Неготино.

Во болнички услови е починат пациент од Скопје на 79 годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти.

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.483, бројката на оздравени пациенти е 14.516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.245. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според завршените анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 6.832, активни 650
• Куманово 1.741, активни 183
• Дебар 282, активни 40
• Штип 1.249, активни 57
• Прилеп 658, активни 123
• Тетово 1.413, активни 166
• Струга 664, активни 60
• Велес 317, активни 33
• Битола 290, активни 57
• Охрид 421, активни 49
• Кавадарци 230, активни 44
• Гостивар 926, активни 108
• Гевгелија 124, активни 52 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 226, активни 147
• Крива Паланка 104, активни 28
• Радовиш 75, активни 19
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 323, активни 139
• Пробиштип 110, активни 21
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 43, активни 3
• Берово 91, активни 27
• Валандово 30, активни 21
• Виница 108, активни 29
• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 0
• Свети Николе 335, активни 31
• Кичево 319, активни 34
• Ресен 164, активни 16
• Неготино 52, активни 5 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67, од кои на кислородна поддршка се 27 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, како и дете и мајка суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти, од кои петмина се на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Може ли да се лечиш во ветени, а неизградени поликлиники?

Next Post

266 санкционирани возачи во Скопје

Реклама