Dark Mode Light Mode

Општина Центар е првата општина која поднесе мислење до МОН за физичко присуство на ученици

Денеска, Советот на Општина Центар ја одржа 10. вонредна седница. Советниците расправаа и ги усвоија Предлог-мислењата за физичко присуство на учениците во четири основни општински училишта за учебната 2020/2021 година.

Врз основа на овој став, Општина Центар ќе поднесе Мислење до Министерството за образование, за одобрение и давање позитивно мислење од страна на Комисијата за образование за физичко присуство на учениците за учебната 2020/2021 година, согласно безбедносните протоколи за одвивање настава во основните училишта.

Центар е првата општина и единствена од Град Скопје, која презема иницијатива за одвивање на наставата со физичко присуство за учениците во учебната 2020/2021 година. Имајќи предвид дека основните училишта во Центар работат во една смена, истите се подготвени и располагаат со потребните  капацитети и услови за почитување на мерките и протоколите пропишани од страна на Владата на РСМ и Министерството за здравство.

Реклама

Во барањето до Министерството за образование и наука, Општина Центар ќе бара одобрение и позитивно мислење за реализација на наставата со физичко присуство за учениците од шестите одделенија во основните училишта „Ј.Х.Песталоци“ и „Св. Кирил и Методиј“, заради изучување на предметна настава, додека во основните општински училишта  „Киро Глигоров“ и „Коле Неделковски“, комплетна реализација на наставата во сите одделенија.

Општина Центар е комплетно подготвена за почетокот на новата учебна година. Преземени се сите безбедносни и хигиенски мерки, училиштата се обезбедени со потребните дезинфекциони средства, училниците се адаптирани за почитување на потребното растојание, поставени се потребните локатори и скалести обележувачи за движење на учениците и воспитно-наставниот кадар е подготвен и обучен за примена на пропишаните протоколи за безбедно одвивање на наставата за учебната 2020/2021 година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нападнатиот полицаец од дрвокрадци има фрактура на черепот, подлактицата...

Next Post

Црниот биланс не престанува: 9 пациенти починале од вирусот, 143 лица се новозаразени

Реклама