Dark Mode Light Mode

Филипче: Проектираме нова градска болница во Аеродром

Реновиран е третиот спрат од Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а набавени се и санитетски возила и нова медицинска опрема. Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово беше таму да види што е направено.

-Завршен е уште еден дел од реконструкцијата на установата, благодарение на проектот на Министерството за здравство, но и бројни општествено одговорни компании. Третиот кат од болницата е целосно реновиран, опремен со нов под, прозорци, кревети, душеци, инсталација на лифт, а обновена е и старата фасада. Ова е зграда што потекнува од 20тите години од минатиот век. Благодарение на ангажманот на директорот и целиот стручен колегиум, пациентите добиваат подобри услови за лекување, а вработените подобри услови за работа, потенцира министерот Филипче.

Тој додаде дека истовремено интензивно се работи на проектот за нова градска болница, којашто би требало да биде лоцирана во населбата Аеродром.

Реклама

Да се надеваме дека проектот брзо ќе се направи и ќе почне да се реализира, а не како оној за новиот клинички центар кој се влече со години.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пендаровски и неговиот словенечки колега Пахор положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Next Post

Заев: Пописот ќе се спроведе во април 2021 и точка!

Реклама