Dark Mode Light Mode

Ги скршиле камерите за надзор во маркет, одзеле сеф, цигари, алкохол…

Фатени крадци кои упаднале во маркет во Скопје. Имено, СВР Скопје поднесе кривична пријава до скопското јавно обвинителство против А.Б.(26), А.Ј.(23) и И.Г.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба во маркет во населба Ѓорче Петров, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 804.700 денари.

-Врз основа на информациите на А.Б., кој пред две години работел во маркетот како обезбедување и ја знаел целосната поставеност на просториите во маркетот и на камерите од видеонадзорот, на 17 април околу 23:00 часот, преку имот што граничи со маркетот, влегле во задниот дел од објектот, по што А.Ј. ја скршил камерата за видеонадзор и го деактивирал сензорот за аларм во маркетот. Откако А.Б. и А.Ј. влегле внатре во маркетот, ги скршиле сите камери за надзор, го одзеле сефот со пари од дневен промет, како и поголема количина на цигари, парфеми, кремови, лосиони и алкохолни пијалаци. По тоа, во возило на третопријавениот И.Г. го товариле предметите и заминале, информираат од Обвинителството.

По преземени мерки од Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров – Одделението за криминалистички работи, по насоки и во содејство со ОЈО Скопје, било утврдено дека А.Б., А.Ј. и И.Г. го испланирале и го извршиле кривичното дело..

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

52.543 лица досега казнети за неносење маски, ќе платат до милион евра

Next Post

Тешко повреден мотоциклист

Реклама