Dark Mode Light Mode

„Дај ги парите, ќе те убијам“– скопјанец се обидел да ограби маркет, но вработената го совладала

Спрешен обид за вооружен грабеж во Скопје. Имено, Против 31-годишен скопјанец поднесена е кривична пријава за обид за разбојништво во супермакркет на ул. 11 Октомври.

Тој со огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“.

Пиштолот го вперил во неа, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и започнале физичка пресметка. Вработената му ја тргнала медицинската маска која осомничениот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.

Реклама

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност од бегство на осомничениот и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Апанажа побарале 44 пратеници, а не се знае колкумина Заев ќе вработи во јавниот сектор

Next Post

Вториот бран уште мава: Починаа пет пациенти од вирусот, 142 новозаразени лица

Реклама