Dark Mode Light Mode

Барокот не се залепи, се тргаат скелињата од зградата на ЕСМ

Градежните работници ги демонтираат скелињата околу висококатницата на ЕСМ кај Градскиот трговски центар кои со години стоеа околу неа по запирањето на изградбата на барокната фасада. Отстранувањето на скелињата откри дека дел од поранешната стаклено-метална фасада е веќе заменет со бетонски елементи, но и дека дел е се уште останат на зградата.

Какви се намерите на изведувачите не е познато но како што во мај годинава беше најавено од страна на државната компанија ЕСМ од оваа есен зградата треба да добие нова модерна фасада.

-Од компанијата ЕВН сме откупиле четири ката од зградата, дел од приземјето и земјиштето под зградата за 2,2 милиони евра. Заедно со Град Скопје работиме на изработка на идејно решение за изгледот на зградата. Фасадата ќе биде стаклена и модерна. Се надеваме дека во втората половина од годината ќе почнат градежните работи. Кога ќе завршиме со фасадата ќе ја реновираме и внатрешноста на зградата, изјави тогаш Васко Ковачевски, директор на оваа комапнија.

Реклама

Каков треба да биде изгледот на целиот објект не е познато. Останува дилема зошто ако се планира изградбата на новата фасада беше потребно да се тргнат скелињата?

Познато е, ова зграда до неодамна ја користеше и компанијата ЕВН, но таа се исели од неа откако ја купи Градската куќа под Кале за 12,7 милиони евра. Тоа ги подгреа шпекулациите дека градската администрација на Градот Скопје би можела да се пресели во оваа зграда. Инаку, зградата е изградена 1962 и е еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Попладнe доаѓа мало освежување

Next Post

Сега пак, се предлага комбиниран модел на наставата независно од возраста на учениците

Реклама