Dark Mode Light Mode

Охридскиот советник Нефи Усеини и брат му спроведени во притвор

Охридскиот советник Нефи Усеини и неговиот брат се приведени и спроведени во осум дневен притвор, поради нападот врз нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. Цели 6 дена полицијата не можеше да ги пронајде, а неофицијално, сега сами се пријавиле во полициска станица.

Претходно, на двајцата приведени, судот им ја изрече мерката притвор поради можноста за повторување на делото, влијание на сведоци и бегство.

Нападот на Топалоски се случи пред неколку дена во близина на познат охридски хотел. Според првичното сведочење на нападнатиот, Усеини заедно со брат му и уште две лица прво му извадиле пиштол на него и неговото малолетно дете, за потоа, со оружјето да го маваат по глава.

Реклама

За потсетување, Нефи Усеини во април минатата година спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот, а притоа како што беше пренесено и му се заканувал. Обвинителството отвори предмети два месеца потоа, односно неколку дена пред Усеини да го нападне и советник во Општина Охрид.

По повеќе од година, сите предмети отворени против Усеини во охридското Обвинителство, тапкаат во место. Оттаму последно кажаа дека поради пандемијата, обвинителите работат само на итните случаи, а додека, предметите кои се во редовна постапка како оние за Усеини, ќе се разгледуваат во наредниот период откако ќе се врати нормалното работење на Основното јавно обвинителство Охрид.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Чулев: Вработените во МВР се жртви на политички пресметки и реваншизам

Next Post

Македонија и Србија со најмногу починати од вирусот меѓу земјите во регионот

Реклама