Dark Mode Light Mode

Ги терале да работат набрзинка: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напуштија седницата на Советот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напушти денешната седница на Советот, во знак на протест за ставањето на дневен ред на дополнителни точки кои немаат потврдена итност.

-Во Советот на Град Скопје стана редовна пракса да се испраќаат материјали до советниците, пред самиот почеток на седницата, за советниците од опозицијата да немаат доволно време да се подготват, да направат анализа и да може да дадат квалитетен придонес во расправата по истите. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во насока на конструктивност во минатото прифаќала да се дискутира за материјали, но доколку имале итност и неодложност, што не беше случај со денешните точки: извештај за шест месечна работа на ЈП Водовод и Канализација и функционална анализа на ЈП Паркови и зеленило, за кои претпријатијата имале доволно време да ги подготват и да ги достават навреме.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека ова се обемни извештаи кои бараат време за разгледување и не треба да се додаваат на дневен ред, но ова барање беше отфрлено од владејачкото мнозинство.

Реклама

Оттаму бараат да престане оваа пракса на дополнување на дневниот ред со материјали, кои, како што велат, не се итни, кои се важни, а за кои опозицијата нема реално време да ги разгледа.

-Нагласуваме дека само со почит и примена на демократијата и слободата на говор, преку заеднички дебати на опозицијата и власта за важни прашања, Градот Скопје ќе може да оди напред, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починаа 5 пациенти на возраст од 46, 49, 50, 63 и 82 години, новозаразени од вирусот се 119 лица

Next Post

Пак горел автомобил во Скопје, од него се запалиле уште три возила

Реклама