Dark Mode Light Mode

Во „Димитар Македонски“ наместо да се гради, преку ноќ се сечат дрвата- Аеродром молчи

Дрвјата се сечат и ги снемува преку ноќ, а никој не објаснува зошто? – се жалат младите од иницијативата „Средношколски глас“ од населбата Лисиче, кои вчера објавија фотографии на социјалните мрежи од соголени дрва во дворот на училиштето „Димитар Македонски“. Се обидувале да добијат одговори од надлежните локални власти но оттаму се игнорирани. Велат дека училиштето во еден дел е урнато и се гради, ама и дека активностите траат вечно- односно одамна никој не работел на училиштето.Училиштето се распаѓа, а требаше до сега според најавите да биде готово- се жалат тие.

– Продолжува сечењето на дрвјата во ОУ ,,Димитар Македонски”, а никој од надлежните не ја кажува причината за тоа. Лисиче е една од најзагадените населби во зимскиот период и згора на тоа дрвјата се сечат. Училиштето е сосема нефункционално за настава, два дела се урнати, почната е изградбата на едниот дел, но стои така почнато долго време, а никој не работи. Во другиот урнат дел не се прави сосема ништо, а неурнатиот дел се распаѓа и нема никакви услови за настава, особено нема за време на пандемија. Срамота е децата во 21 век да учат во вакви мизерни и нехигиенски услови, велат од Средношколски глас.

Општината Аеродром молчи. Последен пат „Димитар Македонски“ се споменува во едно општинско соопштение на 1ви јуни, каде на фотографија се гледа дека седат градоначалникот Златко Марин и заменичката министерка за образование Елизабета Наумовска, и зборуваат колку модерно ќе биде новото училиште. Марин потсетил дека младите и образованието и биле најважни на општината за оваа година – се вели во соопштението. Но поминати се 8 месеци а според фотографиите на Фејсбук „Димитар Македонски“ ни од далеку не е готово.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СЗО: Се надеваме дека пандемијата ќе помине за две години

Next Post

Скопјани, стружани и прилепчани ќе уживаат во „Неделата на новиот германски фимл“

Реклама