Dark Mode Light Mode

Спортско – адреналинскиот парк во Карпош наскоро ќе прими први посетители

Завршен е содржинскиот дел од Спортско – адреналинскиот парк во Карпош, при што деновиве се очекува да се изврши технички прием и пуштање во употреба на оваа зелена и рекреативна зона, соопштија од скопската општина Карпош.

Паркот кој се протега зад карпата за планинарење ќе има адреналински дел, игралишта за фудбал и одбојка на песок, детско игралиште, сквер, обновен скејт парк и нова урбана опрема. Во паркот се засадени и 70 висококвалитетни дрвја, украсни растенија, а поставен е и систем за наводнување.

Минатиов период се одржаа и потребните обуки на лицата кои ќе бидат задолжени за адреналинскиот дел. Претставници од Македонската спортска – качувачка федерација поминаа тридневна обука, под мониоторинг на сертифицирана фирма според ЕН 15567 стандардот. На овој начин, се гарантира безбедноста на граѓаните кои би  се рекреирале во адреналинскиот дел.

Реклама

Изградбата на паркот е финансирана преку грант од Европската унија во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност во висина од 620.000 евра. Од буџетот на Општината за реализација на проектот се одвоени околу 80.000 евра.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец

Next Post

Досега во земјава се направени над 130.000 тестови за коронавирус

Реклама