Dark Mode Light Mode

Актерката Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг пред судот не признаа вина за трговија со кокаин

Актерката Силвија Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг Воислав Будисављевиќ на првото рочиште пред судот кажаа дека не се чувствуваат виновни за делата за кои се гонат од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Двајцата во воведните зборови се произнесоа дека не се поврзани со кокаинот, односно со негово купување и продавање во количина од близу 700 килограми, како што стои во обвинението.

Стојановска останува во куќен притвор, а Будисављевиќ во притвор, додека следното рочиште е закажано за почетокот на идниот месец. Тие немаа воведни зборови пред судот, но одговорија потврдно кога беа прашани дали го разбираат обвинението.

Реклама

Актерката и нејзиниот поранешен споруг, според обвинителниот акт, организирале сместување, купување, превезување на дрогата од Мадрид и барале купувачи за истата.

„За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор“, велат од Обвинителството.

Судот претходно го прифати барањето на Обвинителството и ги продолжи мерките за обезбедување присуство за двајцата обвинети. Актерката Стојановска веќе неколку месеци се наоѓа во куќен притвор, а, пак, Будисављевиќ во притвор. Двајцата беа приведени на крајот од месец декември минатата година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

МВР со детали за закопаното оружје во струшко: Најдени се 138 гранати, 30 рачни фрлачи, 41 сандак со муниција калибар 7,62...

Next Post

Почна реконструкција на улицата „Востаничка“ во Кисела Вода

Реклама