Dark Mode Light Mode

Филипче: Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија

Во тек е подобрување на условите во Универзитетската клиника за хирургија, вилици и врат – максилофацијална хирургија. Преку донација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во вредност од 350 илјади евра комплетно се реновира целиот објект, со вкупна површина од 1500м2, соопшти Министерството за здравство.

Проектот, како што се посочува, се реализира во три фази, согласно американските договорни регулативи, врз основа на барањата на командата за инженерство на морнарицата и поморските капацитети на САД.

– И покрај здравствената криза предизвикана од Ковид-19 продолжуваме со подобрување на условите во јавноздравствените установи. На пациентите им овозможуваме квалитетна здравствена заштита на повисоко ниво. Досега реновиравме 32 установи, а во тек е подобрување на повеќе клиники и болници во државата. Првата фаза од реновирањето вклучува изградба на нов лифт, кој ќе ги поврзува приземјето, првиот и вториот кат. Поставување изолација и замена на таванот на вториот спрат, реновирање на болнички соби, простории за вработени, ходници и тоалети, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Реклама

Со дислоцирање на старата и дотраена опрема и инвентар, Клиниката доби 27 нови болнички кревети од Министерството за здравство. Исто така, со поддршка од Министерството установата набави агрегат за довод на електрична енергија. Работниот процес на клиниката се одвива континуирано, согласно движењето на градежните активности, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За 24 часа регистрирани 369 прекршоци за неносење маска

Next Post

Заврши рокот за „купувај домашно“: Граѓаните со картичките се прехрануваа, аналитичарите сега бараат долгорочни економски мерки

Реклама