Dark Mode Light Mode

Починаа 4 пациенти на 54, 55, 69 и 70 години, новозаразени се 141 лице

Починаа четири пациенти од вирусот, а оздравеа 93 лица. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство преку Фејсбук.
Во последните 24 часа се направени 2006 тестирања во Македонија, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 51
-Куманово 19
-Дебар 2
-Штип 15
-Прилеп 6
-Тетово 6
-Струга 16
-Велес 2
-Битола 4
-Охрид 2
-Кавадарци 1
-Гостивар 2
-Гевгелија 1
-Радовиш 1
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 2
-Берово 1
-Виница 2
-Делчево 1
-Свети Николе 2
-Кичево 2
-Неготино 1
Починати се четири пациенти, двајца пациенти од Скопје (54г. и 55г.), пациентка од Кавадарци (69г.), и пациент од Свети Николе (70г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 125128 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653, бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставен суд за дадениот мандат на Заев

Next Post

До 31 август продолжено привременото ограничување на поврзувањата на Грција со Северна Македонија

Реклама