Dark Mode Light Mode

Тројца пациенти починале од вирусот, 160 новозаразени и 368 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Македонија се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19. Од нив во Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1.

-Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.). Сите пациенти се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3.  

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.515,  бројката на оздравени пациенти е 9.030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Лежечки полицаец во Аеродром станал и си заминал

Next Post

Бројот на активно болни од вирусот во Скопје падна под 1.000

Реклама