Dark Mode Light Mode

Апасиев најавува мерки за реформа и зауздување на банкарскиот сектор

Најава за мерки со кои ќе се реформира банкарскиот сектор во Македонија. Имено, пратеникот од „Левица“, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по случувањата со Еуростандард банка.

На социјалните мрежи Апсиев пишува дека „подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на Гувернерката и Министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање голема реформа на банкарскиот сектор“, преку она што тие го нарекуваат антилихварско законодавство.

-Овие мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците на Левица, со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари, пишува Апасиев.

Реклама

Меѓу мерките кои ги предлага Левица се воведување на државна комерцијална Банка за бескаматно кредитирање на населението, а преку која вработените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати. Понатаму, зауздување на банкарскиот сектор, преку намалување на вишокот на ликвидност на банките и ограничување на екстра профитите и бонусите на банкарите.

Левица ќе предложи и ограничување на банкарските провизии, воведување на максимални каматни стапки, како и намалување на казнените камати.

Апасиев вели дека од следната недела ќе се консултира со еминентни професори од економските факултети ширум Македонија за да стават крај на оваа правна несигурност која илјадници сограѓани, преку ноќ, ги доведува на раб на нервен слом и им ги уништува животите, а ниту еден банкар досега не одговарал кривично за она што го предизвикал.

Инаку, тој вели дека уште денес ќе оди во Собранието и ќе бара да му биде доделена канцеларија, бидејќи СДСМ толкува дека парламентот е конституиран. Во тој случај, според Апасиев, по закон се должни да им обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаат во ходниците.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Маскирани со фантомки при грабеж убија жител на Инџиково

Next Post

Излетувањето од патот кај Пробиштип кобно за еден скопјанец, другиот е тешко повреден

Реклама