Dark Mode Light Mode

Пожарот во кој изгоре возило во Ново Лисиче не бил подметнат

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај, односно дека никој не го запалил намерно. Од снимки од безбедносна камера во околината на паркингот, се гледало дека најпрво почнала да гори внатрешноста на возилото, а откако сопственикот се обидел да го изгасне пожарот и ја отворил вратата, пожарот се проширил и на околните возила. По насоки на Јавен обвинител настанот е расчистен и квалификуван како „пожар“.

-Од преземените мерки и активности со цел откривање на причините за пожарот, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, преку извршени разговори и преглед на записи од безбедносна камера, констатирано е дека околу 9:20 часот, внатрешноста на возилото ‘Сеат алтеа’ се самозапалува, при што огнот почнува да се шири, а по кусо време, сопственикот на возилото се обидува да го изгасне, но при отворање на една од вратите, пламенот многу брзо се шири и ја зафаќа внатрешноста на возилото и другите две возила, објаснуваат од МВР.

Инаку, пожарот се случи пред четири дена, во близина на последната автобуска станица на 5-ка, на булеварот АСНОМ.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Чаир, Аеродром, Карпош и Гази Баба со најмногу заразени од вирусот во Скопје

Next Post

Во градинките предност ќе имаат децата чии родители не ќе можат да работат од дома, мајките во паника

Реклама