Dark Mode Light Mode

Повеќето патници кои слетале со корона вирус во Финска биле со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку нашата земја од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Министерството за здравство собира информации од финските власти, за тоа кои се 24 патници позитивни на вирусот, дали станува збор за неколку семејства или се поединечни случаи, каков тип на тестови им биле направени, а Институтот за јавно здравје веќе работи на проверка дали на некои од патниците им била издадена мерка самоизолација во нашата земја. По добивање на информациите за позитивните веднаш ќе се пристапи кон утврдување на контактите кои тие лица со позитивни тестови евентуално ги имале во нашата земја.

Реклама

Министерството за здравство повторно апелира задолжително да се почитуваат сите мерки за лична заштита при секое патување и секаде каде што е пропишано, зголемена дезинфекција на раце и одржување дистанца.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пак ќе решаваат за протоколите за настава во училиштата, ќе има ли решение?

Next Post

Местел мрежи во Вардар - паднал и се удавил

Реклама