Dark Mode Light Mode

Филипче: Став на Комисијата е онлајн-настава, освен за најмалите

Став на Комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Стравувавме во оваа ситуација, на есен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, како и сите земји во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија, изјави Филипче во вестите на ТВ Канал 5.

Притоа тој посочи на опасностите за ширење на заразата за време на транспортот од и до училиштата, потоа комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории и ходниците.

Реклама

Овој став денеска, рече Филипче, го презентирал на седница на Владата и додаде дека дискусијата сè уште трае и очекува Владата за неколку дена да го донесе конечниот заклучок.

– Дефинитен став, имајќи ги предвид и сите други аспекти на Министерството за образование и наука, верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена, рече Филипче.

Состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МОН денеска беше одложен за утре, а протоколите за начинот на реализација и моделите на настава беше најавено да бидат соопштени на 10 август.

Министерот за здравство соопшти дека за утре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за труд и социјална политика на кој ќе ги разгледуваат протоколите за работа на градинките.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Состојбата во гостиварско станува серизона, потребно е доследно почитување на заштитните мерки

Next Post

РСБСП: Во текот на годината загинуваат 10 до 15 мотициклисти

Реклама