Dark Mode Light Mode

МОБ подгоготвува премиера за на „Охридско лето“ под маски

#БалетПодМаски е ознаката во соопштението на МОБ испратено до медиумите за да се објасни како течат подготовките за балетската премиера „Болеро“ – Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова.

МОБ со оваа премиера ќе биде дел од годинешното „Охридско лето“ 2020 со „Гала оперски концерт“ на 13 -ти август со почеток во 22 часот на сцената Долни Сарај.

Диригент на балетската претстава ќе биде Бисера Чадловска, а како дел од гала оперскиот концерт настапуваат: Сандра Митровска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Владимир Саздовски – бас. Дел од балетска премиера „Болеро“ – Морис Равел, како женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и оркестарот на Национална опера и балет.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Владата имаше време за точна стратегија за учење од 1ви, зошто ја нема?!

Next Post

Сончево и топло со мала попладневна нестабилност

Реклама