Dark Mode Light Mode

Санкционирани 160 прекршоци на мотоциклисти, 94 од нив не користеле заштитен шлем

Собраќајната полиција во тек на вчерашниот ден санционираше поголема група на лица кој управуваат мотоцикли. Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на Република Северна Македонија на 05.08.2020, во периодот од 17.00 до 23.00 часот, спроведе републичка акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли, информираат од МВР.

– Во текот на контролата се констатирани 160 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, односно 31 учесник управувале мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), седум учесници управувале со измината важност на регистрација на мотоциклот, пет учесници управувале со нерегистрирани мотоцикли, 94 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 23 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот, соопштија од МВР.

 

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Општина Штип ги ослободи родителите да не ги плаќаат сметките за градинка за изминатите пет месеци

Next Post

Средба Мицкоски со Ахмети за ново парламентарно мнозинство

Реклама