Dark Mode Light Mode

Општина Штип ги ослободи родителите да не ги плаќаат сметките за градинка за изминатите пет месеци

Родителите на децата нема да ги платат сметките за градинка за изминатите пет месеци. Oваа одлука е донесена денеска од страна на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и директорките на двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Градоначалникот, Бочварски на денешната прес-конференција рече дека одлуката треба да ја потврдат и Управните одбори и советниците.

-Во оваа ситуација по повеќе консултации со раководствата на двете детски градинки и претседателот на советот, како Градоначалник денеска од управните одбори на градинките барам според редовната процедура да се отвори постапка за укинување на наплатата и на основниот паушал на родителите за месеците април, мај, јуни, јули и август. За потсетување овој основен паушал се наплаќал секогаш во летните месеци во претходните години. Ако бараме солидарност мораме да знаеме дека Општина Штип ќе биде првата институција која ќе биде солидарна во нашиот град, заедно со градинките и останатите институции, вели Бочварски.

Забележува дека со овој потег локалната власт покажува на дело дека се грижи за потребите на граѓаните. Постапката ќе започне денес со мој предлог до управните одбори на двете детски градинки, а ќе продолжи во Советот на Општина Штип.

Реклама

-Убеден сум дека ваквата одлука брзо ќе ги помине сите филтри со цел да им помогнеме на граѓаните. Ова е трошок кој тешко се надоместува, но сметам дека ние имаме капацитет да го сносиме овој трошок со домаќинско и мудро работење, вели Бочварски.

Според проценките се работи за средства во висина од 2,8 милиони денари, кои општината ќе треба да им ги исплати на градинките.

Директорките на градинките „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, Билјана Трајчевска и Софче Атанасов истакнаа дека веќе се подготвуваат за прием на деца во септември, протоколите се исти од јуни. Во тек е анкета, на која родителите до утре треба да се изјаснат дали нивните деца сакаат да бидат згрижени во градинките. Инаку, според протоколите, бројот на дечиња во занималните ќе биде преполовен.

Родителите треба да обезбедат потврда не постара од десет дена од матичен лекар дека нивното дете е здраво, но и дека не можат да работат од дома. Носењето на децата во градинки нема да е исто како порано, дистанцата меѓу децата тешко се одржува, но нема да се прават големи групи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Поплавен рудникот „Суводол“, производството на струја во РЕК Битола не е доведено во прашање

Next Post

Санкционирани 160 прекршоци на мотоциклисти, 94 од нив не користеле заштитен шлем

Реклама