Dark Mode Light Mode

Следува време со невреме…

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и пообилни врнежи.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Реклама

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локалноќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе бидат ли новите пратеници поразлични, наплатија ли патни трошоци?

Next Post

Најава за протести: Поскапување на струјата никој не спомена пред избори

Реклама