Dark Mode Light Mode

Новозаразени се 75 лица, од вирусот починале 5 пациенти

Во последните 24 часа во Македонија се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.
Ова се новозаболените по градови:
-Скопје 32
-Куманово 4
-Штип 5
-Тетово 7
-Кавадарци 8
-Гостивар 8
-Струмица 1
-Кочани 1
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 2
-Виница 1
-Свети Николе 1
-Кичево 2
-Неготино 1
Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти.
Досега во Македонија се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Убаво: Пратениците од Левица пристигнаа со велосипеди во Собранието

Next Post

Нуркачи од МВР го најдоа телото на удавеното 16-годишно момче во Преспанско езеро

Реклама