Dark Mode Light Mode

Голема трагедија на Илинден во Претор, згасна млад живот

Вчера доцна попладнето се удавил капач во Претор. Според очевидци станува збор за млад капач од Ресен.

До давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.

Моментно капачи се обидуваат со мрежи да ги извлечат удавеното дете од езерото.

Реклама

Нуркачите трагаат по удавениот капач во Претор
По давењето на младото момче во Претор засега се уште не е извлечено неговото тело од водите на Преспанското езеро.

Доцна попладнево во потрагата на удавеното момче се вклучиле и нуркачи кои стигнале од Охрид.

Но прашање е дали тие вечерва ќе можат да ја продолжат потрагата по удавеното дете.

Според тие кои го познавале момчето станува збор за капач на возраст од 16-17 години, жител од селото Јанковец, Ресен.

Тоа наводно се удавило на тој начин што тројца другари се возеле со педалинка. Во еден момент педалинката се превртела, двете од трите момчиња испливале на брегот, а еден од капачите потонал во водата.

Сите напори на присутните да го спасат третото момче не успеале. Тие се обиделе да го пронајдат и со мрежа, но сето тоа било залудно.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Слеј се со тишината“ е мотото на „МакеДокс“ -фестивалот од 19 до 26 август

Next Post

Денеска сончево и топло со температура до 35 степени

Реклама