Dark Mode Light Mode

Охридската полиција со засилени контроли на угостителските објекти

Изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 170 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-90, Струга-46, Кичево-30, Дебар-04). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 19 контроли врз угостителски и други објекти со цел, доследна примена на безбедносно-хигиенските мерки за заштита од Ковид 19 но и почитување на одредбите од Законот за угостителство и другите законски одредби.

Реклама

Во текот на празничниот викенд, СВР Охрид спроведе интензивни превентивни и други мерки со цел, зачувување на стабилната безбедносна состојба на подрачјето. Полициски службеници од СВР Охрид но и од други полициски станици кои, деновиве се на испомош во Охрид, реализираа засилени патролни служби во централното градско подрачје, во периферните делови, по плажите и на паркинг просторите со цел, спречување на кражби на вредни предмети по крајбрежието или од паркирани автомобили.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Next Post

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Реклама