Dark Mode Light Mode
Честитка од Пендаровски по повод 2 Август – Илинден
Мицкоски: Илинден е носечкиот код врз кој почива македонската држава, борбата за слобода е константа и таа продолжува
СЗО: Младите сега се најголемите преносители на заразата

Мицкоски: Илинден е носечкиот код врз кој почива македонската држава, борбата за слобода е константа и таа продолжува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до македонските граѓани по повод државниот празник 2-ри Август -Илинден.

-Илинден е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг. 117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна, независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава.

Нашата борба за слобода има константа, се крена илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата. А сега, сето ова е обврска која не задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната.

Реклама

Треба да ги чуваме илинденските идеали од чија вредност како општество во овие мигови силно отстапуваме. Европската Унија се уште е далеку од нашиот дофат пред се поради неисполнетите реформи, криминалот и корупцијата која силно го гризе секој дел од општеството. Сиромаштијата расте, а граѓаните не се среќни, иселувањето не престанува.

Борбата за слобода е константа и таа продолжува. Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат, се вели во честитката од Мицкоски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Честитка од Пендаровски по повод 2 Август – Илинден

Next Post

СЗО: Младите сега се најголемите преносители на заразата

Реклама