Dark Mode Light Mode

Заев: Горди на славното минато уште порешително чекориме кон светлата иднина

Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку својот Фејсбук профил им  го честиташе на граѓаните  втори Август- Денот на Републиката :

Почитувани граѓани, Денеска на 2 Август – Денот на Републиката, оддаваме почит кон нашето херојско минато. Нашите славни претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет.

Борбата за слобода на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во нашата земја постојано носеше победи со кои заеднички го трасиравме патот напред. Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурната иднина, Илинден е победа за сите кои движат напред.

Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност. Како одговорни граѓани продолжуваме да се водиме од ликот и делата на илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираме нивните идеали.

Реклама

Заедно со вас, почитувани граѓани, продолжуваме да ја градиме Северна Македонија како слободна, демократска и заедничка држава, земја пријател на регионот и светот.

Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина – Северна Македонија почитувана држава, полноправна членка на НАТО и проговорач со ЕУ. Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!, пишува Заев на својот ФБ профил.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Спасовски: Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен

Next Post

Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици

Реклама