Dark Mode Light Mode

Османи го посети Џафери на Инфективна (ФОТО)

Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Џафери, го посети претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

Османи објави фотографија на Фејсбук од собата во која е Џафери, а покрај нив двајцата на фотографијата е и докторот Неџати Јакупи кој е поранешен пратеник и министер од ДУИ.

Џафери е сместен на Инфективната клиника од петокот (24 јули). Тој беше примен со повеќе симптоми кои укажувале на присуство на вирусот, а имал и пневмонија, но досегашните тестови, според информациите од неговиот кабинет, се со негативен резултат.

Реклама

Денеска оттаму информираа дека неговата здравствена состојба е стабилна, но потребен му е одмор, со оглед на набиената агенда во изминатиот период за време на изборите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По судир на две возила, прегазен пешак и удрено паркирано возило

Next Post

Асоцијација на архитекти на Македонија: Да се зачува постојниот објект на Универзалнатa сала

Реклама