Dark Mode Light Mode

Шилегов: Можен е референдум за Универзална сала

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека ако не се постигне консензус што да се прави со Универзална сала, можно е граѓаните преку референдум да одлучат за нејзината иднина.

Тој кажа дека постојат три опции – уривање на салата и изградба на нов објект на истата локација, уривање на салата со дислокација и заштита на просторот и реставрација на постоечкиот објект и изградба на нов културен објект на нова локација која дополнително ќе биде одредена

Шилегов најави дека следен чекор на Град Скопје ќе бидат посебни конкурси за реставрација на Универзална и за парк.

Реклама

„Конкурсните решенија треба да бидат предмет на дебата“, изјави Шилегов.

Тој вели дека пред да биде распишан референдум ќе мора да бидат доразработени сите варијанти, за да се знае прашањето кое ќе им се постави на граѓаните.

Шилегов, по бурните реакции и критики од јавноста се обрати пред граѓаните и го кажа своето лично мислење околу рушењето на Универзална сала.

„Интимно би сакал да се реставрира Универзална сала и да изградиме концертна сала. Прашање е колку Владата и државата е способна да потроши“, рече Шилегов.

Тој не ја оспори важноста на Универзалната сала, но додаде дека објектот е сериозно руиниран бидејќи е стар и прозорците, вратите, инсталацијата, сето тоа би било предмет на обнова.

„Универзална е колективна меморија на културниот живот на Македонија, не само на Град Скопје и затоа во овој процес треба да бидеме сите, Градот Скопје, Владата со Министерството за култура, стручната јавност и обичната јавност која има силни емоции и големо право да го каже своето мислење“, рече Шилегов.

Тој ги демантира гласините во јавноста, за можна замена на местото кај Треска за парк кај Универзална.

Според Шилегов, реконструкцијата која и е потребна на Универзалната сала и градењето на нова концертна сала би ја чинело државата околу 20 милиони евра.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Физички нападнат и ограбен старец во паркот во Битола

Next Post

МВР постапува по дивоградбата кај ТЦ Мавровка, известено и ЈО

Реклама