Dark Mode Light Mode

Отворање мобилен пункт во Свети Николе за земање брисеви за Ковид-19

Мобилен пункт за земање брисеви за тестирање за Ковид-19 денеска ќе биде отворен во Свети Николе.

Од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести одговорила на барањето на Кризниот Штаб на Општина Свети Николе, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово. За таа намена, како што се посочува, ќе се користи надворешен објект во близина на подрачната единица во Свети Николе при Центарот за јавно здравје Велес. Објектот ќе има посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти.

Контролните прегледи ќе ги закажуваат докторите од ЦЈЗ Велес, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар.

Реклама

Главна цел на отворањето на мобилниот пункт е да се овозможи побрзо тестирање на лицата кои биле позитивни на Ковид-19, а кои веќе подолг период се во изолација поради неможноста да патуваат во другите градови. Со тоа ќе се намали и бројот на активните случаи во градот, информираат од Министерството.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ИЈЗ: Намален бројот на новозаразени и починати, зголемен бројот на оздравени од ковид-19

Next Post

Воведен еднонасочен режим на улицата „Партениј Зографски“ на Водно

Реклама