Dark Mode Light Mode

123 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4 и еден во Ресен.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, Кочани-2, Пробиштип-2 и по петмина од Кичево и Ресен.

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

Реклама

На Клиниката за инфективни болести починале двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во струмичката болница починал пациент на возраст од 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.669, бројката на оздравени пациенти е 5.145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 4.079. Од вчерашните тестирања, еден е контролен, а согласно новите податоци, статистиката на активни случаи по градови е следна:

• Скопје 4.466, активни 1.938
• Куманово 945, активни 257
• Дебар 179, активни 114
• Штип 677, активни 349
• Прилеп 314, активни 51
• Тетово 967, активни 287
• Струга 396, активни 189
• Велес 209, активни 27
• Битола 98, активни 46
• Охрид 255, активни 104
• Кавадарци 32, активни 18
• Гостивар 337, активни 217
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 31, активни 21
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 27, активни 22
• Крушево 15, активни 10
• Кочани 90, активни 20
• Пробиштип 46, активни 27
• Демир Хисар 20, активни 18
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 207, активни 192
• Кичево 109, активни 85
• Ресен 142, активни 53
• Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 91.015 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 лица, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни позитивни на Ковид-19 и седум позитивни деца.

Во болницата „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 лица – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи по скопските општини денеска е следна:

• Чаир – 280
• Аеродром – 204
• Бутел – 141
• Гази Баба – 206
• Центар – 165
• Карпош – 171
• Сарај – 114
• Кисела Вода – 169
• Ѓорче Петров – 125
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 108
• Арачиново – 34
• Илинден – 25
• Петровец – 23
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 20
• Зелениково- 13
• Странец – 7
• Нераспределен- 15

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Две неексплодирани гранати пронајдени во двор на куќа во Кичевско

Next Post

Уапсен тетовец осомичен за обид за убиство

Реклама