Dark Mode Light Mode

Скопјани имаат уште 10 дена да ги исплатат долговите за вода на рати и без камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек и истата завршува за 10 дена.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која започна на 17 јуни годинава е со определен временски рок и завршува на 31 месецов.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката преставува да важи“, информираат од скопски „Водовод“.

Реклама

Имајќи ја предвид ситуацијата со коронавирусот, од јавното претпријатие повикуваат странките да се придржуваат до сите протоколи при посетите на претпријатието за склучување на договорите

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По журките, пазарни инспектори го запечатија ноќниот клуб во Струмица

Next Post

Тешка сообраќајка на патот Прилеп – Битола

Реклама