Dark Mode Light Mode
Тешка сообраќајка на патот Прилеп – Битола
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ и Заев секој ден доживува нов пик на заразени од Ковид-19
Уапсени четворица насилници кои во Скопје демолирале џип „ренџ ровер“

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ и Заев секој ден доживува нов пик на заразени од Ковид-19

„Заев и Филипче наместо да се грижат за здравјето на граѓаните се грижат само за своите политички поени. Во сред криза, власта размислуваше политички, а не стручно.Ситуација е вон контрола уште од сам почеток, кога СДСМ не го послуша советот на ВМРО-ДПМНЕ и не спроведе масовен скрининг преку обемно тестирање на населението, за навреме да ги одвои сите потенцијално заразени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, вториот бран тргна кога во состојба на смирување на заразата, активисти на СДСМ одеа и делеа поткуп низ цела држава во ек на полициски час. Кршејќи го полицискиот час и Уредбите од вонредната состојба за држење на растојание и носење на заштитна опрема директно го загрозија здравјето на граѓаните.

„Епилогот од игнорантскиот однос се нови 10 жртви. Со што бројот на граѓани кои ги загубија животите од коронавирусот и несовесноста на власта се искачи на 432.Бројките се фрапантни и кога ќе се погледне бројот на заразени, кој се искачи на 9249 лица. Тоа се 7249 заразени повеќе од што прогнозираше Филипче.Македонија оди кон провалија. Со СДСМ здравјето и животот на граѓаните е ставен на коцка“, се вели во соопштението.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тешка сообраќајка на патот Прилеп – Битола

Next Post

Уапсени четворица насилници кои во Скопје демолирале џип „ренџ ровер“

Реклама