Dark Mode Light Mode

ДИК е пред сериозна работа: колку ќе прифати од 2.141 приговор?

Многу приговори пристигнаа во ДИК. Дел од партиите се незадоволни од изборниот процес. Имено, до Државната изборна комисија синоќа до истекување на рокот биле поднесени 2.141 приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од гласањето на изборите.

Пред ДИК е сериозна работа, бидејќи треба да се произнесе за сите приговори во рок од 72 часа. Се очекува највисокото изборно тело да закаже седница денеска, а најдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по приговорите.

Најмногу приговори 1.982 поднеле од Левица, а Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговори. Од приговорите два има и од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, нема приговори. Поднесено е и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Реклама

Инаку, во меѓувреме, Државната изборна комисија вчера објави соопштение со кое ги корегираше резултатите од изборите одржани на 15 јули, а објавени на 16 јули. Како што се наведува во објавениот Заклучок за исправка на технички грешки, вкупниот број на избирачи кои гласале изнесува 943.750, што е за 1.416 повеќе од првично објавената бројка, а вкупниот број неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.564 или за 98 повеќе.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со можност за краткотраен дожд

Next Post

Градоначалниците се растрчаа предизборно, зошто не прават така цела година?

Реклама