Dark Mode Light Mode

Убаво: Eднократна парична помош за првачињата во општина Аеродром

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што издвои 2.750.000 денари.

Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. Родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош од денеска до 15.9.2020 година.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет-страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари.

Реклама

Во прилог на барањето е потребно да се достават на увид следниве документи, во оригинал, а не копија:
– Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2020/2021 година заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром;
– Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид;
– Важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром на увид;
– Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид.

Барањата можат да се поднесат  до 15 септември во Општина Аеродром секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Апасиев: И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! И тек почињаме...

Next Post

Мицкоски: Власта спроведе масовен поткуп, ВМРО-ДПМНЕ го има кредибилитетот да се бори за правење нова влада

Реклама