Dark Mode Light Mode

Серверот на ДИК „стани-падни”

Страницата на ДИК повторно е во функција, по хакерскиот напад кој се случи на денот на изборите, по што таа остана недостапна за граѓаните во изминативе два дена. Од изутринава на страницата можат да се најдат резултатите од последните парламентарни избори во земјава и распределбата на мандатите.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, синоќа информираше дека полицијата била известена за хакерскиот напад на веб-страницата на ДИК и дека станува збор за надворешен напад.

Според него, станува збор за хакерски напад, кој предизвикал мало одложување на оперативната активност.

Реклама

-Притоа се појавија разни лажни вести, кои ги демантирам. ДИК работи во согласност со Законикот и има постапка со која ги добиваме сите материјали. Во текот на ноќта постојано работевме, овој пат тоа беше подолго, но е поради разбирливи причини, бидејќи беше пролонгирано заворањето на избирачките места. Ниту од серверот не може да се појават вести со изборни резултати. Се обидовме да ги забрзаме резултатите со софтверски систем, но бевме цел на хакерски напад и не можевме да ги презентираме. Ве уверувам дека апликацијата беше во функција. Со ова сакам да се извинам за можеби малото доцнење бидејќи мора да се обработат сите записници, број 16, од секое избирачко место, рече Дерковски

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тече рокот за приговори за резултатите од парламентарните избори

Next Post

Белчева бара анкетата за ДУП-от за Мал Ринг да се одложи по септември

Реклама