Dark Mode Light Mode

Стартува „На зајдисонце“ во Трпејца, деветти пат по ред

Во понеделник почнува културно-забавната манифестација „На зајдисонце“ во охридското село Трпејца.

Отворањето е резервирано за изложбата на ракотворби – филигран со срма од Дијана Велјаноска, по потекло трпејчанка. Музички отворањето ќе го збогати пејачката Верица Пандиловска.

Следните денови следуваат промоции на книги, проекции на филмови, средби со уметници, поетски читања. Протоколите за заштита од Ковид 19 се приоритет, но тоа нема да ги спречи сите случувања предвидени во програмата. И оваа година ќе се одржи театарската работилница со деца летувалци и деца од Трпејца и на сцена заедно ќе прикажат што научиле, а ќе биде отворена и изложба на дела од Втората интернационална колонија „Трпејца 2019“. Тука се и работилницата „Цртаме на зајдисонце“ и вечерната променада со млади уметници кои ќе музицираат од кајче.

Реклама

Во текот на деветте дена во Трпејца ќе се одржат и традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“, излетот до Чоколско во соработка со НП „Галичица“, како и натпреварот „Фаќаме риба на јадица“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дури 31.107 неважечки гласачки ливчиња на вчерашните избори

Next Post

Тешко повреден пешак на ул. „Џон Кенеди“

Реклама