Dark Mode Light Mode

Малолетен мигрант пронајден во багажник на автомобил чиј возач побегнал

Малолетен мигрант бил пронајден во багажник на автомобил во Неготино. Возачот на возилото и другите мигранти кои биле во него избегале.

Според информациите на МВР, вчера во 12:30 часот кај тунелите на патот Удово – Демир Капија било забележано возило „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти.

Подоцна возилото било пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец“ во Неготино.

Реклама

Еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале. На местото на настанот бил извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото било однесено во депото во Кавадарци.

Пронајдениот мигрант бил задржан во прифатниот центар во Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Аеродромци со најголем одѕив на изборните места до 9 часот

Next Post

Поука за некои карпошани: Ѓубрето се фрла во контејнери, а не покрај нив

Реклама